Ковачевски: Отворањето на претставништво на ЕИБ е силна поддршка за економскиот развој на државата

од Nikola Popovski
178 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на церемонија по повод отворањето на претставништво на Европската инвестициска банка во нашата држава. На церемонијата присуствуваа вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова и Девијд Гир, амбасадор на ЕУ.

„Сметам дека овој чин е силна порака и признание од Европската инвестициска банка за Република Северна Македонија и нашите заложби во врвот на своите приоритети да ги ставиме енергетската транзиција, заштитата на животната средина, одржливиот транспорт, локалниот економски развој и приватниот сектор“, изјави Ковачевски на церемонијата.

Според него, претставништвото на Европската инвестициска банка во Скопје има за цел да ги забрза и новите иницијативи и ќе ја подобри идентификацијата, подготовката, обезбедувањето финансирање и извршувањето на проектите според најдобрите практики.

„Во моментот преку Европската инвестициска банка, а со буџет од 246,9 милиони евра наменет за кофинансирање на проектите од јавниот сектор, тековно се спроведуваат проектот за водоснабдување и одведување отпадни води во општините во Република Северна Македонија, проектот за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија” и проект за Пречистителна станица за отпадни води Скопје“, додаде Ковачевски.

Слични содржини