Ковачевски: Отворен Балкан дава резултати

од Nikola Popovski
145 прегледи

Премиерот Дмитар Ковачевски, вчера во Верона, Италија, каде што се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека Отворен Балкан е иницијатива која „дава резултати“.

Тој им се заблагодари на „пријателите Вучиќ и Рама што беа заедно на еден од најголемите и најважни саеми за вино“ и што можеа „да ја споделат винската визија на Отворен Балкан“.

На Меѓународниот саем за вино VINITALY 2023 во Верона, има заеднички штанд каде вината се изложени од производители од Србија, Северна Македонија и Албанија.

За учеството на саемот за вино, Ковачевски рече дека тоа е „доказ дека Отворен Балкан дава резултати за луѓето и бизнисите, дека не е политичка, туку економска иницијатива“.

Премиерот на Северна Македонија изјави дека зголемувањето на извозот и увозот меѓу земјите од „Отворен Балкан“ докажува дека бариерите кои некогаш постоеле ја запираат трговијата.

„Границите не спречуваат меѓусебно да комуницираме“, рече Ковачевски, кој зборуваше и за плановите за соработка на филмски проекти или организирање спортски игри во рамките на иницијативата.

Повикувајќи ги другите земји да се приклучат на „Отворен Балкан“, Ковачевски рече дека иницијативата е „автентична и заснована на добра волја и добрососедски односи“.

Слични содржини