Ковачевски: „Отворен Балкан“ е економски сојуз изграден на европски принципи за доброто на граѓаните

од Берта Китинска
101 прегледи

Инициативата Отворен Балкан, е органска инициатива на Србија, Албанија и Северна Македонија, економски сојуз изграде врз европски принципи, рече во предавањето на престижниот Универзитет Колумбија, премиерот Димитар Ковачевски.

„Тоа не е политички сојуз туку е економски сојуз и во суштина е изграден на четирите слободи на Европа. Слободно движење на стоки, капитал Услуги и луѓе. Од оваа иницијатива големи придобвки ќе имаат граѓаните, екомомски пред се. Кога ќе ја видите Европа, ако излезете од Србија кон Унгарија тогаш немате гранични проверки до Скандинавија. Ако одите Хрватска немате граници се до Португалија. Ако одите на југ на секој 100 км имате граница, помеѓу Србија и Северна Македонија и тоа е мачење за луѓето, за економиите, за транспортерите за логистиката. И затоа се залагам за Балкан без граници. Полесное беше да се вработите во САД отколку да се вработите во Србија и ова е всушност тоа што сакаме да го направиме на Балканот.“ рече Ковачевски.