Ковачевски: Оваа влада има поголем легитимитет од претходната

од Берта Китинска
224 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Владата има целосен политички и легален легитимитет за да остане на власт.

-Имаме влада која е европски ориентирана и има одлични односи со сите стратешки партнери. Во текот на наредниот месец отвораме и стратешки дијалог со САД, состаноците веќе се договораат и ќе се одвиваат во Вашингтон и имаме влада која одлично во првите 100 дена се справи со сите предизвици на светската економска криза која е предизвикана прво од енергетската криза и дополнително од војната во Украина, кажа премиерот.

Според него, неговиот тим има целосен политички и легален легитимитет, како и усогласена и транспарентна програма по која работи.

-Легитимитетот Владата се црпи од Собранието. И ако го погледнеме легитимитетот на оваа Владаа, таа има и поголем во однос на претходната, со оглед на тоа што 64 пратеници ја поддржуваат, дополнително и уште една политичка партија. Тоа е партијата Алтернатива, вели Ковачевски.

Тој напомена дека Владата има партнери со целосно усогласена програмска шема и програма.