Ковачевски: „Парадата на гордоста“ е едно од најзначајните демократски случувања во С. Македонија

од Nikola Popovski
220 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски ја поддржа вечерашната „Парада на гордоста“ во Скопје, истакнувајќи дека секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација.

-Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите. Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме, објави Ковачевски.

Премиерот истакна дека „Парадата на гордоста“ е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија.

Парадата почнува во 17 часот во паркот „Жена-борец“, од каде во 19 часот ќе тргне протестниот марш по скопските улици и ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Слични содржини