Ковачевски-Петков: Имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката

од Nikola Popovski
213 прегледи

На маргините на Вонредниот Самит на НАТО, премиерот Димитар Ковачевски се сретнал и со неговиот бугарски колега Кирил Петков.

Ковачевски информира дека взаемно изразивле задоволство од динамиката на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија преку работните групи кои се остваруваат во тековниот период, како и од потпишаните договори и меморандуми за соработка во повеќе области од заеднички интерес.

-Оценивме дека правиме сериозни чекори напред и со целосното усогласување на надворешната и безбедносната политика на Северна Македонија со политиките на ЕУ со што ги продлабочуваме односите меѓу двете држави и го подигаме нивото на политички дијалог, потенцира Ковачевски и додава дека „имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката меѓу двете земји со што се забрзува процесот на европска интеграција на Северна Македонија“.

 

Слични содржини