Премиерот Димитар Комачевски, во емисијата ,,360 степени” на ТВ Алсат, рече дека при преговорите за зголемување на минималната плата ги замолил претставниците на синдикатите и здруженијата ,,да не се прави политика од зголемувањето на платата на најранливите во државата”. Ова тој го кажа во контекст на најавата на Синдикатот за образование и наука (СОНК) за генерален штрајк.
,,Сите работници, особено вработените во образовниот сектор, заслужуваат поголеми плати зашто образовниот сектор е тој што го креира човечкиот капитал којшто во државата, а кој гледаме дека ни се намалува и нам ни требаат поквалификувани работници кои ќе креираат подобри и подобро платени работни места за да биде подобра државата. Јас имав разговор со претседателот на СОНК на денот кога се носеше одлуката заедно со министрите од економските ресори, во понеделник повторно ќе има состанок, и на крајот и со штрајк и без штрајк, договор се постигнува помеѓу партнерите во социјалниот дијалог во овој случај Владата и синдикатите”,рече Ковачевски.
Премиерот рече оти лично смета дека треба да има зголемување на платите во образованието, но и дека треба да бидеме свесни дека ова е најкризната година по Втората светска војна.
,,Мора да се грижите државата да може да ги финансира сите свои обврски, гледате дека и во најголема криза пензиите повторно се исплаќаат предвреме, државата донесе одлука за намалување за 50 насто на трошоците за репрезентација, намалување за 10 насто на тековните трошоци, ограничување на бројот на луѓе што патуваат итн.”,рече тој.