Ковачевски побара Бугарија да ги почитува правата на граѓаните кои се самоопределуваат како Македонци

од Nikola Popovski

Знаете дека постојат пресуди на Судот за човекови права во Стразбур, кои што Бугарија ги нема спроведено до денес. Затоа јас денес ги повикувам уште еднаш бугарските власти да ги почитуваат одлуките, согласно со европските правни норми за заштита на малцинските права, и на тие граѓани кои што се самоопределуваат како Македонци. Сепак тоа се граѓани и на ЕУ, бидејќи Бугарија е дел од Унијата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски коментирајќи на прашање за македонското малцинство во Бугарија.

Ковачевски потенцира дека истото треба да се случи како што е и во Македонија, каде се почитуваат правата на сите малцинства.

-Има граѓани во Бугарија кои што се самоопределуваат како Македонци и нив им припаѓаат правата кои треба да им бидат овозможено да ги остварат. Има политичари во Бугарија, но и секаде, што сакаат да ги нарушат односите меѓу соседни држави. Постојат и поединци ко иработат за трети страни. Треба да имаме институционални односи со сите наши соседи, како што имаме со Србија, Албанија и другите. Нашите институции секогаш постапуваат согласно правилата на меѓународното право, кажа премиерот, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини