Ковачевски: Поединци во Слупчане го организирале бунтот, домаќините си ја плаќаат струјата

од Nikola Popovski
355 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски не смета дека сите жители на селото Слупчане или околните села организирале бунт против ЕВН за да не можат да го санираат дефектот во електродистрибутивната мрежа.

Според него, секогаш се работи за поединци кај кои треба д ас еидентификува одговорност за спречување на извршување на работа на компанија која врши јавна услуга.

Бидејќи работниците од ЕВН бараат гаранција да можат да влезат за одредени лица не ги спречуваат, локалната самоуправа составена од политички партии им ги даде тие гаранции. МВР непречено ја одвива својата работа на територија на општина Липково и веќе се работи на терен. Селото има голем број домаќини луѓе. Кога ќе одите на Зелен Пазар или Бит Пазар, вие нема да најдете производ од Аеродром, Центар или произведен од Карпош. Производите доминантно доаѓаат од рурални средини, домаќините си ја плаќаат струјата и сакаат, но има поединци кои сакаат да злоупотребат повеќе луѓе во однос на свои цели. Затоа тоа нема да го дозволиме, рече Ковачевски при удирањето на камен-темелник на новата полициска станица во Аеродром.

Слични содржини