Имав чест да присуствувам на денешната презентација на резултатите од Пописот, спроведен од страна на Државниот завод за статистика. Пописот е спроведен по сите европски статистички стандарди, и дава податоци кои беа оценети како сигурни, веродостојни, валидни и корисни, пишува на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.
-Пописот содржи релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да планира и креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот. Честитки до Државниот завод за сатистика и сите инволвирани во процесот, за професионалноста и ефикасниот и успешен Попис!, пишува Ковачевски.