Ковачевски: Пописот е статистичка операција, а не етничка, ниту политичка операција

од Берта Китинска

Пописот е статистичка операција, а не етничка, ниту политичка операција, и државата го спроведе со цел да ги имплементира своите економски и развојни политики врз основа на бројки, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

-Јас имам работено 22 години во реалниот сектор и секогаш кога се прави деловен план за почетокот на следната година се земаат податоци за резидентното население во државата.
Овој попис е од значење за да креираме економски политики кои што ќе се свртат кон човечкиот капитал, кон инвестициите и кон отворање на поголеми можности, особено за младите да останат во земјата, вели Ковачевски.

Слични содржини