Ковачевски: После 7 децении влегуваме во православното семејство, благодарност до партијархот Вартоломеј

од Nikola Popovski
316 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски упати голема благодарност до неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, што како што вели, направи големо дело и покажа голема грижа за еден голем православен народ.

-Вселенската Патријаршија со овој чин потврди дека стојат на историската мисија и одговорност. Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација, објави премиерот.

Ковачевски потенцира дека денеска со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви.

-И оваа одлука на вселенската патријаршија што не признава под име Орхидска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија. На Светиот Синод на македонската православна црква, на сите православни христијани им честитам за оваа убава вест, порача премиерот.

Вселенската Патријаршија денеска ја призна црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат во изминативе години немаа позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Слични содржини