Ковачевски: Потребни се 4000 места за да се сместат сите кои што чекаат за издржување затворска казна

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски истакна дека Законот за амнестија е испратен во Собранието без европско знаменце и дека тоа го знае лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Според премиерот, законот е испратен и до сите пратенички групи и дека сите го виделе.

Премиерот порача дека пратеничката група на СДСМ веднаш ќе поднесе амандман штом законот влезе во процедура, за да не може да бидат вклучени одредени лица во амнестијата.

-Постојат и други мислења, дел се водат од хумани аспекти, дел од рационални аспекти. Истиот закон во 2018 година сите го поддржаа. Сега предложениот е порестриктивен од тој кој што сите го поддржаа, меѓутоа зависно од работата, дел од нив имаат емпириски податоци во однос на тоа каков ефект има, кажа Ковачевски на настан по повод „Недела на детето“, присуствувајќи во ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ објект „Парк“.

Според Ковачевски, во моментов се потребни 4000 места за да се сместат сите кои што чекаат за издржување на затворска казна. Тој напомена дека најголемиот центар со сместувачки капацитети во државата, со сите хотелски сместувања има 4000 места.

-Сите да ги направите објекти за затвореници, за една недела повторно ќе фатат места. Дел од министрите и пратениците со кои разговарав велат дека е потребен стратешки пристап, а тоа е инвестирање во нови објекти. Поради тоа, во соработка со Европската банка за обнова и развој, обезбедивме 24 милиони евра за нов објект во затворот Идризово, кажа премиерот, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини