Владата го усвои Предлог-буџетот за 2023 година, првиот среднорочен буџет, изготвен според новоусвоениот, реформски Закон за буџети, напиша премиерот Димитар Ковачевски по владината седница.
-Предлог-буџетот за 2023 година се води според златното правило – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит. Во 2023 година, планираме рекордно ниво на капитални инвестиции од 795 милиони евра, или за 52,3% повеќе во однос на годинава, кои ќе бидат основа за забрзување на растот понатаму.Догодина се очекува да се задржат позитивните стапки на економски раст од 2,9%, додека на среден рок растот ќе забрза и од 2023-2027 година во просек ќе изнесува 4,6%. Стапките на раст од 2025 година ќе забрзаат на посакуваните 5%, напиша премиерот.
Меѓудругото тој посочи дека Владата останува посветени и на:
1. Фискална консолидација
2. Mерење на успешноста на политиките
3. Раст на инвестициите
4. Унапредување на фискалната децентрализација
5. Постојано унапредување на фискалната транспарентност