Премиерот Димитар Ковачевски категорично го отфрли предлогот на Алтернатива за формирање на Заедница на албански општини во Македонија.
-Несериозна идеја. Прво односите во државата се решени со Охридскиот рамковен договор и каде што гаранција се САД и ЕУ. Врз основа на тој договор, С. Македонија денеска претставува пример за соживот и правата на сите етнички заедници во државата. Во Косово постои друг договор кој исто така е потпишан меѓу две страни ги решава проблемите кои што постоеле во минатото. Оттука сметам дека овој предлог е неприфатлив, несериозен и трето со оглед дека заедно сме си ги уредиле правата и сме станале земја членка на НАТО и преговараме со ЕУ, таквиот предлог е неевропски и антиамерикански. Оние што го заговараат или се неинформирани или не добро ги разгледале договорите кои ги решаваат идентитетските прашања, рече Ковачевски од Гостивар, одговарајќи на новинарско прашање.