Ковачевски: Преговорите не се загорезени со заминувањето на Димитров

од Берта Китинска
237 прегледи

Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата. Тоа што го кажува воопшто не е точно, реагира мандатарот Димитар Ковачевски на денешниот прес на Никола Димитров.

Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии. Димитров лично бил дел од градењето на истите тие позиции. Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор, вели Ковачевски.

Праша дали Димитров е против овие изградени држави позици во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел треба да каже самиот.

„Граѓаните да бидат спокојни дека Владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загорезени со заминувањето на Димитров“, додаде првиот човек на СДСМ.

Слични содржини