Ковачевски: Придобивките од влезот во ЕУ се огромни, особено во економскиот дел

од Stefanija Kuzmanovska
436 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе го поддржат евроинтегративниот процес на државата и дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени.

Ковачевски денеска повтори дека двотретинското мнозинство е потребно за понатамошното продолжување на евроинтегративниот процес на земјава.

„Пратеници не ѝ требаат на Владата или на мене. За да бидете претседател на Влада и за да се изгласа Влада потребни се 61 пратеник. Оваа Влада има 65 пратеници со кои е изгласана. Две третини мнозинство е потребно за понатамошно продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. Сите членови на Парламентот имаат обврска да го поддржат европското движење на државата затоа што младите заминуваат од државата во земји од ЕУ бидејќи таму има економски просперитет, владеење на правото, социјална правда и владеење на демократија. Тоа го сакаат нашите граѓани и тоа го сакаме и ние“, рече Ковачевски.

Додаде дека придобивките од влезот во ЕУ се огромни особено во економскиот дел, посочувајќи дека во држави кои станале членки на ЕУ е зголемена просечната плата за трипати, а нивото на инвестиции зголемено за 30 отсто.

Слични содржини