На денешниот втор Самит на Меѓународната платформа за Крим ја потврдив нашата силна и недвосмислена поддршка за Украина, нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, како и на неповредливоста на нејзините граници, напиша на својот Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
-Придружувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас значи застанување на вистинската страна – во вистински момент. Затоа, Република Северна Македонија, како членка и иден претседавач со ОБСЕ, останува целосно ангажирана кон поддршката на напорите – мултилатерализмот да го надмине милитаризмот, вели Ковачевски.