Ковачевски: Прифаќањето на измените им дојде како шок, ВМРО-ДПМНЕ да остане во процесот

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да останат во процесот, знаете им дојде шок, после една година скоро кога правите протести кога велите дека сте браникот, кога велите дека никогаш нема да прифатите уставни промени и одеднаш на прес конференција кога вашиот претседател ќе каже да Уставни измени се прифатливи, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

„Сметам дека тие треба да останат во процесот. Работните групи мислам дека се вистинскиот формат на кој што треба да се продолжи за договарање на сите детали бидејќи знаете дека секој предлог има свои специфики кои треба да се имплементираат и таа имплементација секако дека влијае на eвропската интеграција на државата. Треба ВМРО-ДПМНЕ да го даде одговорот. Jас бев многу јасен на прес конференцијата, тој беше многу јасен на прес конференцијата, партијата ДУИ беше многу јасна во нивното соопштение кое што стигна на самата прес конференција, така да земените обврски предвидуваат посветеност за тој процес да се заврши“, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека медиумите беа присутни на прес конференцијата каде што беа искажани ставовите на Христијан Мицкоски дека прифаќа уставни измени и впишување во преамбулата на Уставот други делови од народи и сега не сака да ги коментира изјавите од партиски настани бидејќи „сепак се со некоја друга намена“.

Слични содржини