Ковачевски: Приказната со „Отворен Балкан“ не е завршена

од Nikola Popovski

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски за иницијативата „Отворен Балкан“ вели дека не е во спротивност со Берлинскиот процес и дека произлезе од три земји од регионот.

-Приказната со Отворен Балкан не е завршена. Таа секогаш ќе остане отворена за сите. Иницијативите најдобро се мерат според резултатите. Надворешно трговската размена меѓу Србија и Македонија е зголемена за 50%, а меѓу Албанија и Македонија за 40%. Туристичката размена од Србија во С. Македонија е зголемена минатата година за 500% во споредба со претходно. Македонија ниту Албанија не можеа да замислат сами да имаат штанд на најголемиот штанд за вино во Италија. Тоа е можно ако отидете заедно, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

-Тоа што во Берлинскиот процес се мачеа да го направат – признавање на висококвалификуван кадар, признавање на дипломи и слободно движење со лични карти, ние во рамки на Отворен Балкан го направивме и сега пак ќе го направиме. Резултатите на Отворен Балкан остануваат, ќе се работи на нив бидејќи мисијата на интеграцијата како императив, не е завршена. Берлинскиот процес е поширока иницијатива и ќе работиме на неа, истакна Ковачевски на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Еди Рама.

Слични содржини