Ковачевски: Пристапот е брзо да стигнеме до решение со Бугарија, но да се задржи достоинството

од Nikola Popovski
176 прегледи

Не се врзувам со датуми и конкретни рокови за решавање на спорот со Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“, одговорајќи на прашањето како ја оценува средбата со неговиот бугарски колега, Кирил Петков.

Ковачевски уште еднаш потврди дека е рационален оптимист.

-Работиме на остварување на целта со Петков и тоа ќе го постигнеме преку формирањето на работните групи, кое треба да се случи наредната недела. Во работата на работните групи да бидат вклучени и деловните заедници, претставници на универзитетите, младинските организации и претставници на други здруженија. Имам пристап дека треба брзо да стигнеме до решение, но никако да не избрзуваме. Квалитетно решение во кое ќе се задржи достинството на македонските и бугарските граѓани и ќе биде донесено во духот на европските вредности, согласно правилата на ЕУ, потенцира Ковачевски, при што додава:

-За јазикот и идентитетот не се приговара. Ништо не се прави позади грб. Затоа постојат разговори. Без да се допира во интересите на македонската и бугарската држава и согласно Резолуцијата во нашето Собрание.

Слични содржини