Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска го посети Сојузот на здружение на пензионери, каде оствари работен состанок со претставници на Здружението.
На средбата се говореше за стандардот на пензионерите, кој значително е подобрен и ќе породлжи да се подобрува благодарение на зголемувањето на пензиите како и мерките за заштита на животниот стандард на оваа категорија граѓани. Претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ како партија на која солидарноста и е една од најважните вредности ќе продолжи да се грижи за оваа категорија граѓани и во иднина. На состанокт се разговараше и за новата програма на СДСМ, во која се опфатени и пензионерите.
-Со системската измена, односно методологија на пресметка на пезниите, не само што во просек пензиите веќе пораснаа 6.000 денари во однос на тоа што изнесуваа, туку и ќе продолжат да растат, затоа што нивниот раст е загарантиран и не зависи од ничија политичка волја туку зависи од законското решение кое е донесено.
Просечната пензија денес е над 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра.
Минималната пензија пак денес изнесува 13.100 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно повисока пензија за речиси 50%.
Со Владата предводена од СДСМ пензионерите денес добиваат во просек по 6.000 денари повеќе, порача Ковачевски.