Ковачевски, Рама и Вучиќ на отворање на Саем за вино во Белград

од Nikola Popovski
214 прегледи

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски заедно со неговите колеги од Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама во четврток, на 1 септември, ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино во Белград.

Како што соопшти прес-службата на српскиот претседател, настанот е планиран за 13:00 часот во хала 1 на Белградскиот саем.

Саемот Винска визија на Отворен Балкан се одржува под покровителство на трите влади, а во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

Слични содржини