Ковачевски: Расте интересот за осигурувањето – осигурениците наплатиле 57 милиони денари повеќе од лани

од Nikola Popovski
185 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод одбележување на Националниот ден на осигурувањето – 1 Ноември, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

-Охрабрува фактот што во нашата држава расте интересот за осигурување, а според бројките најголем е интересот за каско осигурувањето, како и за приватното здравствено осигурување, но и за другите видови. Најновите трендови препорачуваат осигурување од одговорност согласно дејноста, но и се наметнува потребата од справување со современите предизвици, како што се ризиците од сајбер нападите, порачал премиерот.

Од друга страна, расте и исплатата од осигурителните компании по разни основи.

-Само за илустрација, според прелиминарните податоци, во споредба со месец август од минатата година, осигурениците наплатиле 22% повеќе односно 57 милиони денари или над 930 илјади евра. Голем дел од исплатата, се однесува на медицински трошоци. Додека, сопствениците на моторни возила, од штетите покриени со каско осигурување наплатиле над еден милиони евра. Обештетување од 100.000 евра добиле повеќе од 500 лица и тоа во доменот на патничко осигурување, кажа Ковачевски.

Тој истакна и дека рвропската иднина е пред нас и преку оваа индустрија.

-Тоа пред два дена јасно и гласно ни го порача претседателката на Европската комисија, која при нејзината посета порача дека ние заслужуваме да станеме дел од Европската Унија, рече меѓу другото премиерот во своето обраќање.

Слични содржини