184
Премиерот Димитар Ковачевски одржал видео-конференција со премиерот на Албанија и претседателот на Србија како дел од иницијативата Отворен Балкан.
Ова утрово го објави српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Со Еди Рама и Димитар Ковачевски разговарав за заедничките чекори за обезбедување сигурна зима за сите наши граѓани, како и за претстојната средба во рамките на Берлинскиот процес. Отворен Балкан значи мир, просперитет и посигурна иднина за луѓето од нашиот регион, бидејќи заедно сме секогаш посилни, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram