Ковачевски разговараше со Макрон и Шолц за европската иднина на Северна Македонија

од Nikola Popovski
228 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево имал разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Тирана.

Тој потенцира дека европските лидери се големи поддржувачи на Македонија.

-Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Северна Македонија. Денеска за време на Самитот во Тирана разговаравме за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина, информира премиерот за разговорот.

Слични содржини