Ковачевски разговараше со Вучиќ и Рама за заедничкиот саем во септември

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска преку видеоврска разговараше со премиерот на Албанија, Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ за претстојната средба и саемот за вино и храна што ќе се одржи во Белград во септември, во организација на иницијативата „Отворен Балкан“.

„Се договоривме дека оваа голема и уникатна манифестација, која веруваме дека ќе прерасне во добра пријателска традиција, е и исклучителна промоција на нашите три земји, но и можност за производителите од регионот да се приклучат и да ги претстават своите најдобри и ексклузивни производи“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „Будучностсрбије“.

Исто така, договорена е средба на Работната група, која ќе се одржи во Тирана кон средината на јули, а на која ќе се разговара за соработка во областа на енергетиката, безбедноста на храната и финансиите.

Претходната средба на лидерите на трите земји како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ се одржа минатиот месец во Охрид, на која присуствуваа и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседавачот со Претседателството на БиХ, Зоран Тегелтија.

Слични содржини