Ковачевски: Ребалансот на Буџетот цели кон поддршка на економијата за враќање во претпандемиско ниво

од Nikola Popovski
217 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2022 година во Собранието и потенцира дека со него се обезбедува економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година.

Според премиерот, обезбедени се 76 милиони евра за нови антикризни мерки, 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна, зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата, повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери, субвенции за земјоделците и средства за развојни проекти.

-Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во претпандемиско ниво. Владата продолжува со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата, објави Ковачевски.

Слични содржини