Според податоците на Светска банка во регионот издвоивме највисока буџетска поддршка, дури 5% од Бруто-домашниот производ за справување со кризата. Морам да напоменам дека сите мерки се носеа во партнерство со засегнатите страни, со поддршка од државите од регионот, на Европската Унија и нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави, вака премиерот Димитар Ковачевски го започна својот говор на вториот Економски форум во Скопје, во организација на Делфи Економски Форум и Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија.
Премиерот порача дека е горд што можам да ги пренесе заклучоците од неодамна одржаната Минхенска безбедносна конференција, каде Северна Македонија е препознаена како фактор на стабилност на Балканот.
-Досега сум кажал, но пак ќе истакнам, веќе не е прашање дали Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ, туку кога ќе стане дел од ЕУ. На Економскиот форум гледам како на продолжение, односно надополнување на заедничките регионални иницијативи, меѓу кои и Отворен Балкан, каде преку различни проекти, го олеснуваме и подобруваме животот на граѓаните. Северна Македонија е земја членка на НАТО, земја која ги отпочна преговорите со ЕУ, земја учесничка во Берлинскиот процес и земја, која од оваа година, го презеде претседавањето со ОБСЕ. Ние сме земја која отворените прашања на билатерално, регионално или меѓународно ниво ги решаваме по дипломатски пат, а не насилно, истакна Ковачевски.