Ковачевски: С. Македонија е во одлична позиција на патот кон полноправно членство во ЕУ

од Nikola Popovski
314 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека утре во Гранада, Шпанија ќе биде одржан неформален состанок на Европскиот совет за прашања кои што се значајни за нас, особено околу проширувањето на ЕУ.

-Во рамките на ЕУ се води дебата за подготовката на Унијата за прием на нови членки и процесите на пристапување кои што самите земји ги имаат. Ние се наоѓаме во одлична позиција, со оглед дека минатата година ги почнавме преговорите. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување. Ќе постои динамика и на страната на земјите-кандидати за членство, меѓу кои сме и ние, но и на динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето со повеќе земји-членки, рече Ковачевски во изјава за медиумите.

Претседателот на Владата истакна дека ќе има билатерални средби со неговиот холандски и ирски колега, како и со потпретседателот на Европската комисија.

Во Гранада се оддржува третиот Самит на Европската политичка заедница.

Слични содржини