Ковачевски: Само МЕПСО може да каже дали е нешто подметнато во синоќешниот дефект

од Nikola Popovski

Ги имам сите детали за вчерашниот прекин на електрична енергија. Се работи за технички дефект кој се случил на еден од далноводите кои го напојуваат Скопје. Има изгорено изолатор на високонапонски далноновод, по што како резултат на тоа дојде и до опожарување на сламата во близина, изјави премиерот Димитар Ковачевски за вчерашната ситуација кога поголем дел од градот Скопје речиси еден час остана без електрична енергија.

Прашан дали постои сомнеж дека можеби нешто е подметнато, Ковачевски рече дека тоа единствено може да го кажат стручните лица кои работат во МЕПСО.

-Јас не зборувам за никаков сомнеж, туку за спроведување на сите процедури кои се пропишани според закон и според упатствата за работа во МЕПСО и во другите институции, потенцира Ковачевски во изјава за медиумите.

Слични содржини