Ковачевски се дистанцира од кавгата меѓу Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
305 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски истакна ги гледал преписките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со поранешниот лидер на партијата и екс-премиер Никола Груевски. Според него, спомнувањето на Владата во таков контекст е класична малверзација, шпекулација и манипулација.

-Јас шпекулации и манипулации не коментирам, кратко рече Ковачевски на брифинг со новинарите во Владата.

Вчера од опозицијата обвинија дека Груевски од Будимпешта пратил УСБ со тоа како треба да изгледаат измените на Кривичниот законик. Според ВМРО-ДПМНЕ, таквите податоци биле испратени до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Слични содржини