Ковачевски: Се грејам на парно, гас ќе има и понатаму

од Nikola Popovski
151 прегледи

Премиерот Димитар Ковачрвски вечерва во интервјуто за ИРЛ информира дека се грее на топлинска енергија.

-Се грејам на парно во Тафталиџе, на БЕГ. Во Тафталиџе сум доминантно, поради тоа што децата таму ми учат школо и поедноставно да одат пешки до училиштето на 200 метри. Сигурен сум дека ќе има гас и понатаму. Обезбеден е и за месец ноември. Задачата на премиер во оваа криза е различна од задачата на истиот човек кога не би бил премиеро. Во време на криза, прво секој мисли на себе и своето семејството, а потоа на се друго. Кога сте претседател на Влада во време на ваква криза, мора да мислите на сите. Заради тоа јас кажав дека храна, струја и грееење мора да има за сите. Заради тоа, направивме два пакети на антикризни мерки. Според Светска банка, тоа е пакет на мерки кои што е најголем во регионот. Ние издвојуваме 5% од БДП за антикризни мерки, за разлика од други кои издвојуваат помалку, рече Ковачевски.

Премиерот порача дека ова не е време на изобилство, туку на штедење и солидарност.

-Државата треба да биде таа која нема да финансира изобилство, туку најранливите категории на граѓани, потенцира Ковачевски.