Со голема тага ја примив веста за смртта на Глигорие Гоговски. Неговите заслуги како долгогодишен општествено-политички работник, ќе останат вградени во севкупниот напредок на нашата татковина, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
-Глигорие ќе остане запаметен како одговорен политичар. Тој како последен претседател на Извршниот совет на Народното Собрание на Социјалистичка Република Македонија и премиер на преодната влада, учествуваше во процесот на отворање на патот кон самостојноста и независноста на нашата држава.Исклучителен е неговиот придонес и во севкупниот економски развој на државата, кој го даде и како долгогодишен успешен менаџер на ,,Тетекс’’, текстилниот гигант со над седумдецениско постоење.Нека му е вечен споменот!, напиша Ковачевски.