Ковачевски се сретна со Бајден: Рамо до рамо со САД стоиме цврсто зад нашите цели

од Nikola Popovski
157 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со сопругата остварил средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.

-На покана од Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа присуствувавме на свечениот прием што го организираше во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации. Стратешкото партнерство со САД за нас како држава е од исклучително значење за исполнување на клучните цели и приоритети. Рамо до рамо со САД стоиме цврсто зад нашите цели за зајакнување на демократските процеси, и унапредување на економскиот и социјалниот развој на нашата држава, стои во објавата на Ковачевски.

-Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерство на Северна Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата.

Придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет, се наведува во соопштението од Влада.

Изминатите два дена премиерот Ковачевски во Њујорк учествуваше на Самитот за трансформација на образованието и на Отворањето на 77-то Генерално собрание на ООН на кое воведно обраќање имаше генералниот секретар Антонио Гутереш.

Ковачевски заедно со колегите од Западен Балкан присуствуваше и на работен ручек организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел.

Слични содржини