Премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил од денешниот Самит на НАТО во
Вилнус, Литванија сподели фотографии од средба со американскиот претедател Џо Бајден.
„Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“, вели Ковачевски.