Премиерот Димитар Ковачевски вечерва сподели фотографија со најпознатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, со кого се сретнаа на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, чиј покровители се Република Северна Македонија, заедно со Република Србија и Република Албанија.
Ковачевски откри дека покрај тенисот, Ѓоковиќ има пасија и за виното.
-Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот, објави премиерот.
Северна Македонија на Саемот се преставува со вкупно 42 винарии и 3 дестилерии пред посетителите и додека трае Саемот ќе се презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.