Ковачевски се сретна со Макрон: Денешниот ден означува почеток на поинтензивна соработка на ниво на Европа

од Берта Китинска
148 прегледи

Со официјален пречек на шефовите на држави, од страна на премиерот на Чешка Петр Фиала, започнува првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага.

Премиерот Димитар Ковачевски кој е во посета на Прага, денеска се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.

-Претседателот на Франција, Емануел Макрон на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, уште еднаш ја потврди француската поддршка на евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Денешниот ден означува почеток на поинтензивна соработка на ниво на Европа како континент, но и пошироко, напиша Ковачевски на Фејсбук.