Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави дека пред почетокот на 77. заседание на Генералното собрание на ОН, се сретнал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
– За нас е исклучително важно да бидеме денес во Њујорк, не само затоа што светот се наоѓа во пресудните моменто во модерната историја, туку и затоа што помина долго време откако немаше толку многу шефови на држави и претставници на членки на Собранието на ОН, напиша Вучиќ на Инстаграм со фотографија од средбата.
View this post on Instagram
На отворањето на Самитот, покрај Ковачевски од македонска страна, присуствуваа и министрите за надворешни работи и за образование и наука, Бујар Османи и Јетон Шаќири, амбасадорот на постојаната мисија на Република Северна Македонија во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, шефот на кабинетот на претседателот на Владата, Мартин Попов и советникот за надворешни работи, Едмонд Адеми. Настанот започна со воведно обраќање на Генералниот секретар на Организацијата на Обединети Нации, Антонио Гутереш а продолжува во текот на денот со дебата во чиј фокус се националните цели за обезбедување на квалитетно и достапно образование за секое дете.