Секогаш кога ќе ја промаши работата, како во јануари и февруари дека ќе има ново парламентарно мнозинство што излезе дека не е точно, лидерот на опозицијата веднаш посегнува по герила акции и некакви кампањи кои немаат никаква реална основа, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со „бизнисот на неговата сопруга“.
Ковачевски на прес-конференција во Владата уште еднаш истакна дека се што поседуваат тој и неговото семејство е пријавено во анкетниот лист, како и во регистрите на надлежните институции.
-Сум го одговорил веќе на ова прашање и на собраниска говорница и во овој прес-центар и на други прес-конференции. Би му порачал на лидерот на опозицијата дека секогаш кога ќе ја промаши работата какао во јануари и февруари дека ќе има ново парламентарно мнозинство што излезе дека не е точно, веднаш посегнува по герила акции и некакви кампањи кои немаат никаква реална основа. Се што имаме јас и моете семејство е пријаево во анкетниот лист и во сите регистри, на УЈП, Централниот регистар и таму може се да се провери. Инаку, да, обновливите извори се иднината, а ние, имајќи стратегија, сме едни од лидерите во регионот што и реално се потврдува, одговори премиерот.