Ковачевски: Северна Македонија и Албанија се вистински пример за тоа како се градат добрососедски односи

од Nikola Popovski
132 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја започна меѓувладината седница помеѓу Северна Македонија и Албанија. Тој посочи дека Северна Македонија и Албанија се заедно на европскиот пат и заеднички со меѓусебна соработка се справуваат и со предизвиците од енергетската криза.

-Ние толку често комуницираме со Еди и толку е тесна соработката помеѓу нашите министерства и институциите, меѓу нашите две земји, што јас навистина, имам чувство дека ние денес, тука сме сите како дома. Некои не веруваа, но ете, ние заедно зачекоривме и во европските интеграции. На 19 јули, и двајцата во име на нашите две држави и граѓани ја имавме честа да ги чуеме зборовите „ги означувам преговорите за започнати” кои ги изговори чешкиот Министер за надворешни работи. Вашата поддршка, твојата поддршка, на политичката маса тие денови во Брисел, е непроценлива и јас засекогаш ќе ја паметам и ќе ја ценам, истакна премиерот.

Ковачевски додаде дека Северна Македонија и Албанија се вистински пример за тоа како се градат добрососедски односи.

-Соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија е одраз на посветеноста да ги развиваме нашите држави според европските вредности на меѓусебно почитување, каде взаемната грижата за Албанците во Северна Македонија и за Македонците во Албанија, како алки што нѐ поврзуваат и зближуваат, игра многу важна улога. Како што еднаш констатирав: зближувањето е почеток, останувањето заедно е напредок, a соработката е успех. И ако се водиме од ова, ние сме на добар пат да успееме, бидејќи сме заедно на вистинскиот, на европскиот пат, потенцира Ковачевски на почетокот на заедничката владина седница.

Слични содржини