Ковачевски: Што ќе ѝ прави на снимката пратеникот кој ја снимаше пратеничката во нејзиното деколте?

од Берта Китинска
773 прегледи

Народот е свесен за деструкцијата која што произлегува од опозицијата што во моментов ја има, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски од говорницата во Собранието.

-Ако се погледнат снимките само од вчерашниот ден, каде пратеник што во моментов додека зборам ми се смее, со мобилен телефон ја снима претседателката на комисијата за политички систем на 15 сантиметри од нејзиното деколте, јас се прашувам што ќе ѝ прави на таа снимка тој“,кажа Ковачевски во врска со вчерашната тензија во Собранието каде претседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ не можеше да ја одржи седницата поради провокациите на опозицијата.

Жестоките препукувања помеѓу пратениците во Собранието траеа до полноќ.

Расправата во салата била тензична дотаму што, пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држи и штити микрофонот на кој зборува пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата, бидејќи според нив, таа не била ниту започната.