Денешниот голем муслимански празник Курбан Бајрам нè потсетува на нашата најважна човечка мисија – во духот на трпението, несебичноста и пожртвуваноста да се погрижиме за најблиските и сите оние на кои им е потребна подадена рака и да ги сочуваме великодушноста, сочувството и солидарноста кои сега ни се потребни повеќе од било кога, вели премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски по повод празникот.
Величественоста на Курбан Бајрам едновремено нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот.
Со желби за добро здравје, мир благосостојба на сите верници од исламска вероисповед Ви посакувам празничните денови да ги поминете во духовна радост и верба во подобрите времиња кои заеднички ќе ги славиме во нашата заедничка татковина.
Нека биде благословен и честит празникот Курбан Бајрам!“, истакнува тој.