Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја понудиме нашата поддршка за народот на Украина, изјави премиерот Димитар Ковачевски од Брисел.
– Ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со Европската Унија и ги донесовме сите одлуки усогласени со земјите членки на НАТО и на ЕУ со цел да го одвратиме она што путинова Русија го прави во Украина а во насока да им помогнеме на украинците. Исто така ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои што би побарале засолниште во нашата држава, рече Ковачевски пред почетокот на вонредниот НАТО cамит на шефови на држави и влади.