Ковачевски: Славевски нека дојде и на работниците нека им каже дека 18.000 денари се многу за минимална плата

од Nikola Popovski
119 прегледи

Јас бев тој кој што кажа дека мнималната плата на работниците треба да биде 18.000 денари, порача премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Крива Паланка.

„Креаторите на економските политики на ВМРО-ДПМНЕ излегоа и кажаа дека многу била висока минималната плата од 18.000 денари, а во нивно време минималната плата беше 9.000 денари. И кој го кажува тоа? Трајко Славевски, економист кој вели дека го остварил македонскиот сон. Нека дојде тој овде во Крива Паланка, нека се поздрави со овие наши сограѓани кои работат во рудниците, во Тораница, и ним нека им каже дека минималната плата треба да биде 9.000 денари, а не 18.000 денари“, истакнал Ковачевски.

Премиерот порачал дека на редовните избори во 2024 година, СДСМ ќе биде победничка коалиција и повика на обедување околу европскиот концепт.

-Јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Ќе успееме заедно и во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија. Ми треба вашата поддршка, за да водам напред, за заедно да бидеме со граѓаните да работиме за граѓаните. Да продолжиме силно и одлучно!, изјавил Ковачевски.