Ковачевски со честитка: Автокефалноста на МПЦ-ОА е автентичен дел на македонскиот идентитет

од Nikola Popovski
326 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски го опиша денешниот ден како голем и историски кога се зборува за црковните теми.

-Историска одлука е кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет, вели премиерот во видео-обраќање.

-Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност, додава Ковачевски.

Според него, оваа со векови очекувана вест ќе биде предложена пред Вселенската патријаршија со препорака таа да биде прифатена од сите православни цркви.

-Нека е честит овој голем ден за сите православни верници и за сите граѓани, порача Ковачевски.

Патријархот Порфириј информира денеска дека Соборот на СПЦ едногласно донел одлука за благослов на барањето на Македонската православна црква – Охридската архиепископија за автокефалност.

Слични содржини