Ковачевски со честитка: Бадник нека донесе здравје и нека ги сплоти семејствата во радост и спокој

од Nikola Popovski
220 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод празникот Бадник упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот, во која посакува добро здравје, радост и спокој во семејствата.

„Бадник, во сите домови каде се чествува, нека донесе добро здравје и нека ги сплоти семејствата во радост и спокој. А сплотени сите заедно во родната земја, да направиме нов чекор напред во изградбата на перспективно општество, со среќни луѓе. Нека е за многу години денешниот голем празник Бадник!“, напиша тој на социјалните мрежи.

Како што посочува, сплотени сите заедно во родната земја, да направиме нов чекор напред во изградбата на перспективно општество, со среќни луѓе.

Слични содржини