Со навремените антикризни мерки ги ублаживме ценовните шокови како и последиците од енергетската криза, со што го заштитивме животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски на својот ФБ.
-Оваа Влада работи ефикасно, чесно и одговорно, и во тој дух и по тие принципи ќе продолжиме да работиме и понатаму, напиша Ковачевски.