Ковачевски со обраќање на годишната конференција „Година на нови можности”

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска со почеток во 10:00 часот почнува дводневната годишна конференција „Година на нови можности“, во хотел „Александар Палас“.

Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што на засебни четири панел сесии, ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци.

Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за 2023 година.

Медиумските екипи кои се акредитираа за настанот потребно е да пристигнат во 8:30 часот од влезот кај тениското игралиште кај конференциската сала број 3, каде ќе може да се подигне регистрационата картичка, неопходна за влез на конференцијата.

Слични содржини