Во време на енергетска криза најважно е да имаме стабилно и континуирано снабдување со електрична енергија, а граѓаните на Скопје, кој е единствен град со организирано парно греење да има топли радијатори, рече директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.
„ЕСМ имаше најголема одговорност во последната година и пол, но ја имаше поддршката од Владата и компаниите зз да се надмине кризата“, наведе Ковачевски.
„Сите државни капацитети беа ставени во погон. Немаше драматични ситуации, но имаше потешкотии и кога кажуваа дека има јаглен само за два дена и дека ќе има рестрикции ние тоа го демантиравме со многу работа и труд. Силниот удар од кризата го надминавме и постепено се ставивме во функција на надминување на предизвиците. Го зголемивме домашното производство за 26,5 проценти. Во 2023 ќе имаме дополнителни нови 20 проценти на домашно производство на електрична енергија за домаќинствата, малите компании, училиштата, капацитетите на прехранбената индустрија…“, рече тој.
Според него, со зголеменото домашно производство ќе има намалување на увозот, но и поевтина електрична енегрија.
„Со намалените трошоци ќе даваме можност како ЕСМ некаде да има намалување и да нема драстично поскапување. Рекордно домашно производство од изминатите десет години имавме пред два дена. Го зачувавме и хидропотенцијалот, на ниво на просекот од изминатите десет години. Година и половина сме во енергетска криза, се справуваме како компанија со намалување на јавни набавки и непродуктивни трошоци“, заклучи Ковачевски.